Аргентинската ѕвезда Лионел Меси најверојатно нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен кој истекува на крајот од сезоната. Иако претходно имаше навестувања дека тој донел одлука да остане во Париз најмалку уште една година и дека клубот набрзо и официјално ќе му го достави документот за продолжување на соработката, сепак, сега доаѓаат информации дека тој го променил мислењето.
Како што објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро, Аргентинецот повеќе не е сигурен дека сака да го продолжи договорот со парижаните и почнал да разгледува опции за враќање во Барселона.

