Новак Ѓоковиќ го продолжи походот кон десеттата титула на Австралија опен. Српскиот тенисер во осминафиналето го декласира домашниот тенисер Алекс Де Минор за нешто повеќе од два часа игра. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Андреј Рубљов кој претходно во драматичен меч, во пет сета, го победи Холгер Руне.
Новак Ѓоковиќ, во осминафиналето го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот. На Де Минор му препушти само пет гема. На крајот победи со 6:2, 6:1, 6:2.
