26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА и Боинг развиваат нова генерација авиони: Можеме да ја користиме веќе...

НАСА и Боинг развиваат нова генерација авиони: Можеме да ја користиме веќе следната деценија

Американската вселенска агенција НАСА и авиоскиот гигант Боинг објавија дека се здружуваат за да развијат комерцијален авион од следната генерација, со ниска емисија на јаглерод.

НАСА во овој проект ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години, а Боинг и неговите партнери околу 725 милиони долари.

Целта е да се произведат комерцијални авиони на иднината кои ќе бидат поефикасни за гориво и кои ќе имаат бројни придобивки за животната средина, комерцијалната авијација и патниците ширум светот, изјави шефот на вселенската агенција Бил Нелсон. Ако бидеме успешни, би можеле да ги видиме овие технологии во авионите што луѓето ќе ги користат во следната деценија, додаде тој.

Технологиите што се користат и тестирани преку програмата ќе ги инспирираат идните проекти и може да доведат до напредок во аеродинамиката и напредок во економичноста на потрошувачката на горивото, објави Боинг.

Според НАСА, инженерите ќе се обидат да развијат авион со 30 отсто помала потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови во споредба со најекономичните авиони денес.

Вселенската агенција планира да го заврши тестирањето на програмата до крајот на 2020-тите, за да може технологиите и дизајните да се применат на следната генерација на авиони.

Боинг и НАСА планираат да тестираат иновативно авионско крило што создава помалку отпор и предизвикува помала потрошувачка на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП