1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУапсен најтрофејниот фудбалер во историјата

Уапсен најтрофејниот фудбалер во историјата

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е уапсен во Барселона под обвинение за сексуално вознемирување.

Алвеш беше обвинет од една девојка дека ја допирал во ноќен клуб на 30 декември без нејзина дозвола.

Бразилецот бил уапсен во полициска станица кога дошол да даде изјава во врска со обвинението.

Со полициско возило е одведен кај истражниот судија кој ќе одлучи што ќе биде со Алвеш, односно дали ќе оди во притвор или ќе се брани од слобода.

Девојката го пријавила затоа што без нејзина согласност и ја ставил раката во гаќи во ноќен клуб.

Инцидентот се случил во клубот во мугрите во петокот на 30 декември, а вознемирената девојка веднаш повикала обезбедување.

Два дена по инцидентот таа дала изјава во полиција во која изјавила дека бразилецот без нејзина согласност ја ставил раката во нејзината долна облека, од што се обидела да се одбрани.

Адвокатскиот тим на Дани Алвеш ги демантираше тие наводи, истакнувајќи дека бразилскиот фудбалер бил многу кратко во тој ноќен клуб и немал никаква врска со споменатиот настан.

Каталонската полиција отвори истрага откако доби пријава за наводен сексуален напад.

Алвеш, кој е во брак со манекенката Џоана Санс од 2017 година, ги негира сите обвинувања. Тој дојде во Барселона во моментот на наводниот напад за погребот на неговата свекрва.

“Бев на тоа место со многу луѓе кои уживаа во настанот, но без да влезам во нечиј простор. Многу ми е жал, но не знам која е таа дама”, рекол Алвес.

Иконата на Барселона и бразилската репрезентација е најодликуваниот фудбалер во историјата со 43 трофеи.

Во Барселона играше од 2008 до 2016 година и во сезоната 2021/2022, а моментално е член на мексиканскиот УНАМ.

Играше и за Баија, Севиља, Јувентус, Пари Сен Жермен и Сао Паоло.

Тој беше со Бразил на Светското првенство во Катар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП