24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗлатни правила за купување преку интернет

Златни правила за купување преку интернет

За безбедно да уживате во сите предности на онлајн купувањето и во исто време да ги заштитите личните податоци и пари, применувајте ги овие златни правила:

-Ви препорачуваме внимателно да ја проверите интернет адресата каде што купувате и да не плаќате на страници што сте ги добиле преку линк во е-пошта или преку социјалните мрежи

-Направете купувања само преку сајтови кои имаат валиден SSL сертификат. Ќе го препознаете по зелениот катанец, а пред адресата на сајтот во адрес-барот ќе стои https://

-Доколку онлајн продавницата поддржува плаќање со картичка, процесот ќе ве однесе до страницата на банката каде што треба да ги внесете потребните податоци. Ако страницата за плаќање изгледа несигурна, најдобро би било да изберете плаќање при испорака

-Кога плаќате, користете двофакторскаа автентикација, што подразбира потврда на идентитетот, како што е испраќање код од банката, преку СМС на мобилен телефон

-Секоја онлајн продавница треба да има истакнати информации за компанијата, телефонски број и јасно претставена политика за производот и рефундирањето

-Не испраќајте информации за картичката преку е-пошта, како и фотографија од предната и задната страна на платежната картичка или личната карта, бидејќи ова е речиси сигурно обид за измама.

-Обезбедете посебна платежна картичка за онлајн купувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП