Кристијано Роналдо и Лионел Меси уште еднаш се сретнаа, според многу показатели можеби последен пат во нивните кариери, откако на скапиот егзибициски меч во Ријад, Саудиска Арабија, Пари Сен-Жермен и покрај тоа што во поголемиот дел од мечот беа со 10 играчи стигнаа до 5:4 победа над саудискиот „Ол-стар“ тим. Роналдо постигна два гола, негови први по скапиот трансфер во Саудиска Арабија, додека Лео Меси постигна еден пред бучната публика жедна за големи фудбалски ѕвезди.
Само што почна мечот, Лео Меси уште во третата минута ги донесе француските шампиони во водство, но радоста траеше до 34. минута, кога беше досуден пенал, а Роналдо беше безмилосен против својот поранешен соиграч Кејлор Навас. Пет минути подоцна, Хуан Бернат успеа да добие директен црвен картон во пријателски меч по еден не толку пријатен старт, но во 43. минута, ПСЖ дојде во водство со голот на Маркињос. Полувремето донесе уште возбуди – беше досуден пенал за ПСЖ, но Нејмар упати еден очаен удар кој заврши во рацете на голманот. Во судиското продолжение, Роналдо го постигна својот втор гол, откако прво ја погоди стативата за 2:2 на полувреме.

