13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров признава дека ова е „реалноста“, но не очекувал три порази со...

Лазаров признава дека ова е „реалноста“, но не очекувал три порази со двоцифрена разлика

Македонскиот селектор Кирил Лазаров не го криеше разочарувањето од високиот 35:26 пораз од Аргентина на СП во Полска, со што првпат во историјата еден ракометен Мундијал го завршуваме без победа во групната фаза и ќе играме во таканаречениот Президентс куп најверојатно против три африкански репрезентации (Алжир, Тунис, Мароко).

Лазаров вели дека не очекувал победи во групната фаза, но и дека е разочаран што доживеавме три високи порази.

„Честитки за победата на Аргентина која е целосно заслужена. Можеби ова е нашата реалност, бидејќи не рангираа на последното место во групата. Македонија со осум дебитанти кои првпат се на големо првенство ќе мора да се потруди да ги достигне постигнувањата на претходните генерации. Не очекувавме победи во групата, но верував во порази од три-четири гола разлика, а не со двоцифрена разлика. Не сум задоволен од покажаното“, изјави Лазаров на прес-конференцијата по мечот.

Иако беше познато дека селекторот Кирил Лазаров патува на ракометниот Мундијал со подмладен и неискусен тим, репрезентативците дефинтивно потфрлија не само во играта, туку и во мотивацијата кој ја покажаа во националниот дрес. Со сигурен пласман на следното ЕП, се поствува и прашањето дали со ваква игра можеме да се надеваме на следен настап на СП.

Против Аргентина очекувањата беа дека ќе можеме да заборавиме на лошите порази од Норвешка и Холандија, реално далеку посилни репрезентации од нашата и дека со малку борбеност може да стигнеме до победата која ни беше неопходна за пласман. Меѓутоа, по првичното 1:0 водство, набргу стана јасно дека налетавме на сериозна и искусна репрезентација, која знае што сака на теренот и веќе во првите 30 минути во кои Аргентина имаше седум гола предност, беше јасно дека можеме да се надеваме само на чесен пораз. До него не дојде, откако и во второто полувреме, Аргентинците продолжија со леснотија да го полнат нашиот гол и да стигнат до двоцифрена разлика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП