19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто денес е најдепресивниот ден во годината?

Зошто денес е најдепресивниот ден во годината?

Третиот понеделник во јануари, таканаречениот „синиот понеделник“ се смета за најдепресивен ден во годината, пишува National Geography.

Според нив, тажниот понеделник е основан пред 14 години кога психологот Клиф Арнал го објаснил тоа со неколку работи: времето е обично лошо иако деновите се подолги, празниците поминале и сите главно се вратиле на работа, сметките се празни, а повеќето веќе се свесни дека таа нема да можат да ги исполнал своите новогодишни одлуки.

Сè заедно, според психолозите, резултира со тага и ниско ниво на мотивација.

Психолозите препорачуваат, како што велат, најдобар начин да се ослободите од негативните чувства е да поминувате време со пријателите и семејството, како и некоја физичка активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП