Крилниот напаѓач Атхе Мазари е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Работнички. Тој потпиша двегодишен договор со „романтичарите“ и му се приклучува на тимот на Милан Илиевски.
Мазари доаѓа од редовите на Победа и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од составот.

