Членот на скопски „Макпетрол“, Витомир Трајковски, во борба со црногорскиот претставник Никола Маловиќ, кого го победи со 5-0, освои бронзен медал на турнир од светската карате лига во Атина. Македонскиот карате клуб долги години учествува на ова реномирано натпреварување и ова е 45 медал за тимот, како и прв во 2023 година.
На патот до бронзата Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од грчкиот претставник Константинос Мастрогијанис 0-1. Шестата победа беше во директна борба за бронзениот медал со црногорскиот репрезентативец Маловиќ.


