Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска, откако по очекуваниот пораз од Норвешка, денеска загубивме со високи 29:20 (18:11) од Холандија. Со ова остануваме на последното место во групата Ф и ќе мораме да ја победиме Аргентина во последниот меч од групната фаза за да одиме во втората фаза.
Со Атанасијевиќ и Савревски на местото на Петрови Јагуриновски, Македонија имаше добар старт за рано водство, но потоа Холанѓаните бргу направија серија и дојдоа до 7:3 водство. Оваа разлика растеше и на полувреме изнесуваше високи седум гола. Почетокот на второто полувреме ни даде надеж дека е можен некаков пресврт или барем доближување до Холанѓаните, но како што течеше мечот, беше јасно дека Холанѓаните во моментов се класа пред нас.

