2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКризата не завршува, продажбата на компјутери продолжи да паѓа

Кризата не завршува, продажбата на компјутери продолжи да паѓа

„Canalys“, компанија за истражување на пазарот, објави извештај за глобалните испораки на компјутери во четвртиот квартал од минатата година, како и за целата година.

Така, „Canalys“ откри дека продажбата на компјутерски уреди (вклучувајќи десктоп компјутери и лаптопи) е намалена за 29% во споредба со истиот период минатата година. Во тие три месеци ширум светот се продадени 65,4 милиони компјутери.

Вкупните испораки на компјутери во 2022-ра година беа 285,1 милиони, што претставува пад од 16% од зголемената побарувачка во 2021-ва година.

Сепак, обемот на испораки е зголемен во однос на времето пред пандемијата, за 7% во однос на 2019-та година.

Според извештајот, испораките на лаптопи забележале поголем пад. Така, во текот на четвртиот квартал од минатата година се продадени 51,4 милиони лаптопи, што е пад од 30% во однос на истиот период лани. Вкупно минатата година се продадени 223,8 милиони лаптопи, што е пад од 19 отсто на годишно ниво.

Десктоп компјутерите забележаа релативно помал пад, годишен пад од 7% во споредба со минатата година. Квартално, забележан е пад на продажбата од 24% во споредба со четвртиот квартал од 2021-ва година.

Кога зборуваме за брендови, првото место во 2022-ра година го зазеде „Lenovo“. Втор беше „HP“, трет „Dell“, кој забележа најголем пад меѓу првите пет. Четвртиот е „Apple“, додека листата на Топ 5 во 2022-ра година ја заокружува „Asus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП