1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСинот на Роналдињо на тест во Барселона!

Синот на Роналдињо на тест во Барселона!

Синот на легендарниот Роналдињо, 17-годишниот Жоао Мендеш де Асис Мореира е на „тест“ во Барселона, откако го раскина договорот со бразилскиот клуб Крузеиро предвреме. Според „Диарио спорт“, тинејџерот ако покаже доволно вештина, ќе добие договор со Јувенил А тимот на гигантот од „Ноу Камп“.

Роналдињо останува еден од најдобрите во историјата кои го носеле дресот на Барселона, со ниво освојувајќи еден трофеј од Лигата на шампионите и две шпански титули, период во кој ја доби и „Златната топка“.

Од славната „Ла масија“, фудбалската академија на Барселона во последно време излегоа повеќе стандардни првотимци на „Блауграна“: Гави, Ансу Фати и Алехандро Балде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП