19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Facebook“ и „Instagram“ го ограничуваат пристапот до податоците на тинејџерите

„Facebook“ и „Instagram“ го ограничуваат пристапот до податоците на тинејџерите

„Facebook“ и „Instagram“ ќе ги заострат ограничувањата на податоците за тинејџерите, така што компаниите не можат да ги користат за да таргетираат реклами кон таа популација, соопшти компанијата-мајка на платформата „Meta“.

Почнувајќи од февруари, огласувачите повеќе нема да можат да го видат полот на младите корисници или видот на нивните објави, како начин за насочување на рекламите кон таа категорија, велат од компанијата.

„Мeta“, исто така, потврди дека во март ќе бидат воведени нови контроли кои ќе им овозможат на тинејџерите да влезат во поставките на двете апликации и да изберат да „помалку гледаат“ на одредени видови реклами.

Како што е наведено, благодарение на зголемените ограничувања, за сервирање реклами ќе се користат само возраста и локацијата на корисникот.

Многу борци за безбедност на интернет велат дека платформите на социјалните медиуми треба да направат повеќе за да ги контролираат видовите реклами што им се прикажуваат на помладите корисници, велејќи дека несоодветните реклами можат да предизвикаат исто толку штета како навредливите содржини објавени од други корисници.

„Како дел од нашата континуирана работа да ги направиме нашите апликации погодни за тинејџерите, правиме дополнителни промени во нивните рекламни искуства. Сфаќаме дека тинејџерите не се нужно опремени како возрасни да донесуваат одлуки за тоа како нивните онлајн податоци се користат за рекламирање“, објавија од „Meta“.

„Meta“ претходно воведе ограничувања кои ги спречуваат огласувачите да ги таргетираат тинејџерите со реклами засновани на нивните интереси и активности, а компанијата вели дека најновите ажурирања доаѓаат како резултат на истражување за проблемот и експертска анализа, како и глобалната регулатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП