6 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ ќе ја оствари желбата на многумина

„Apple“ ќе ја оствари желбата на многумина

Аналитичарот и новинар Марк Гурман во својот најнов извештај сугерира дека „Apple“ планира наскоро да го претстави својот долгоочекуван уред.

Уредот AR/VR на компанијата ќе биде претставен на пролет, според извештаите, пред „WWDC“ конференцијата на „Apple“ во јуни. Уредот треба да се појави во продажба наесен.

Гурман истакнува дека прототипот на хардверот е веќе доставен до мал број програмери за тестирање. Сепак, тој вели дека уредот сѐ уште не е готов и дека „Apple“ сѐ уште работи на подобрување на некои елементи од хардверот и софтверот.

За уредот на „Apple“ за зголемена и виртуелна реалност се зборува со години. Првичниот план на компанијата беше да го претстави во јануари годинава, што го потврди и Гурман, но бидејќи не можеа да го завршат навреме, неговото претставување беше одложено.

Со уредот AR/VR, „Apple“ ќе влезе на сосема нов пазар, но не се очекува да има преголема побарувачка за него на самиот почеток, бидејќи се навестуваше можна цена од околу 3.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар