20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧај од четири состојки ќе ве спаси од настинка: Спас во сезоната...

Чај од четири состојки ќе ве спаси од настинка: Спас во сезоната на грип

Направете домашен чај за зајакнување на имунитетот и ослободување од настинки и респираторни инфекции на природен начин.

Лимонот го зајакнува имунолошкиот систем, ја зголемува отпорноста на организмот. Само две лажици сок од лимон содржат половина од дневните потреби на витамин Ц.

Во однос на количината на важни киселини и шеќери, капините и малините се приближно исти, но по содржина на витамини, капините се пред. Ѓумбирот зазема едно од првите места на листата на народни лекови за третман на респираторни заболувања.

Состојки:

• грст сушени капини или малини

• врела вода

• лимон

• мед

• 1 кесичка чај од камилица

• ѓумбир

Подготовка:

Во проѕирен бокал или мало тенџере ставете суви малини, полијте ги со зовриена вода, па додајте кесичка чај, парчиња лимон и исечканиот ѓумбир.

Покријте и оставете го да отстои 10-15 минути. После тоа се цеди, се додава мед и се пие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП