27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете како идните рутери ќе ве следат низ домот (ВИДЕО)

Погледнете како идните рутери ќе ве следат низ домот (ВИДЕО)

Рутерот на „MSI“, за разлика од кој било друг на пазарот, има антени кои динамично ги следат поврзаните уреди додека се движите низ куќата за да се обезбеди оптимална безжична покриеност. Како таков, тој привлече посебен интерес на овогодинешниот „CES“.

Покрај антените, рутерот „MSI RadiX BE22000 Turbo“ поддржува Wi-Fi 7, а има и MSI AI QoS технологија за намалување на пинг за време на играњето или приоритизирање на различни типови содржини.

Има проток на канал од 320 MHz и компанијата тврди дека може да испорача 4 пати побрз проток во споредба со рутерот Wi-Fi 6.

Во однос на поврзувањето со кабел, „RadiX BE22000 Turbo “е опремен со две порти од 10 GbE и четири порти од 2,5 GbE.

„BE22000 Turbo“ не се очекува да биде пуштен во продажба пред 2024-та година, бидејќи „MSI“ допрва треба да се погрижи антените на рутерот да можат да се справат со месеци и години на континуирана работа додека чекаат да се финализира потребната спецификација за Wi-Fi, пренесува „Engadget“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП