Елиф Елмас со гол од пенал во финишот на мечот ја оправда довербата на тренерот Лучано Спалети, за да ја осигура победата од 2:0 на Наполи над Сампдорија за лидерот во италијанската Серија А да се врати по првиот пораз од сезоната и да се врати на +7 пред Јувентус на второто место.
Наполи добија пенал уште во шестата минута од гостувањето во Џенова, но Матео Политано не успеа да го реализира погодувајќи ја стативата. Сепак, гостите стигнаа до водство во 19. минута преку Виктор Осимен, пред работата да им биде олесната со црвениот картон кој го доби фудбалерот од средниот ред на Самп, Томас Ринкон во 39. минута од мечот.

