Кристијано Роналдо ќе може да живее со својата девојка Георгина Родригез во Саудиска Арабија и покрај тоа што во оваа држава постои закон според кој машко и женско можат да живеат заедно само ако се во брак.
Португалската суперѕвезда потпиша мега-договор со Ал-Наср, со кој ќе заработува неверојатни 200 милиони долари по сезона (ако се вклучат и спонзорските договори), но постоеја стравувања дека ќе има проблеми за неговото семејство, бидејќи уште не е во брак со Георгина и покрај тоа што имаат две деца заедно. Саудиските адвокати, сепак, се погрижиле за овој проблем и најавиле дека локалните власти ќе го толерират неговиот случај.

