Англискиот премиерлигаш Брентфорд, го потврди трансферот на Ромео Бекам, 20-годишниот син на легендарниот Дејвид Бекам, на шестмесечна позајмица од Интер Мајами, клубот каде што неговиот татко е ко-сопственик.
20-годишниот Бекам Јуниор тренираше во тренинг-комплексот на клубот од предградието од Лондон неколку месеци откако дебитираше за Интер Мајами во септември 2021 година покрај Харви Невил, синот на тренерот на Интер и поранешен соиграч на Бекам, Фил Невил. Тој имаше 10 асистенции и два гола во првата сезона со клубот.

