18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧленот на првиот екипаж на Аполо почина на 90-годишна возраст

Членот на првиот екипаж на Аполо почина на 90-годишна возраст

Поранешниот астронаут Волтер Канингем, кој полета во вселената со Аполо 7 во 1968 година како дел од првата мисија Аполо со екипаж што го отвори патот за шест слетувања на Месечината во следните години, почина во вторникот на 90-годишна возраст, соопшти НАСА.

Канингем им се придружи на членовите на екипажот Валтер Шири и Дон Ајзел во успешна 11-дневна мисија во ниската орбита на Земјата како прв човечки пробен лет на новото вселенско летало Аполо, кое подоцна ќе патува на Месечината.

Служел во американската морнарица и маринци

Аполо 7 го означи продолжувањето на програмата за вселенски летови на НАСА 21 месец по пожарот во кој загинаа сите тројца членови на екипажот на Аполо 1 за време на пробното лансирање кон крајот на јануари 1967 година.

Канингам служел во американската морнарица и маринци и летал во 54 мисии како борбен пилот. Тој беше избран за астронаут во 1963 година, објави вселенската агенција. „Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач – но, пред сè, тој беше истражувач“, се вели во соопштението на НАСА во кое ја објави неговата смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП