28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТридневна жалост во Бразил за смртта на Пеле

Тридневна жалост во Бразил за смртта на Пеле

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро прогласи тридневна жалост за смртта на легендарниот фудбалски шампион Пеле.

Кралот на фудбалот почина вчера на 82-годишна возраст во болница, каде што се лекуваше од рак.

Жаир Болсонаро, кој наскоро ќе ја напушти претседателската функција, изрази сочувство до семејството и на Твитер објави дека Пеле преку фудбалот го „прослави името на Бразил“ и оваа игра ја претвори во „уметност и уживање“.

Бразилската влада објави дека Пеле е „еден од најголемите спортисти на сите времиња“, бидејќи е единствениот фудбалер со три светски шампионски титули.

Како што наведоа, Пеле бил голем граѓанин и патриот, каде и да одел го носел името Бразил, објави Ројтерс.

Новоизбраниот претседател Луз Игнасио Да Силва објави дека ја има привилегијата да го гледа Пеле како игра во живо и дека секогаш ќе прави нешто посебно со топката.

Бразилската фудбалска конфедерација објави дека „Пеле беше многу повеќе од најголемиот спортист на сите времиња“ и вистински израз на победничкиот бразилски менталитет и дека нацијата е благодарна за неговото наследство.

Напаѓачот на бразилската фудбалска репрезентација Нејмар изјави дека „пред Пеле 10 беа само бројка“, но дека тоа не е доволно и треба да се каже дека „пред Пеле фудбалот беше само спорт“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испрати сочувство до семејството и пријателите на Пеле, како и до цел Бразил, и рече дека тој „одамна постигнал бесмртност“ и дека „затоа ќе биде со нас засекогаш“.

Германскиот победник на Светскиот куп, Франц Бекенбауер, изјави дека „фудбалот го загуби најголемиот во својата историја“ и дека тој лично го изгубил „единствениот пријател“.

Фудбалот засекогаш ќе биде твој“. Почивај во мир Пеле“, изјави поранешниот германски ас.

Многу светски фудбалски клубови се опростија од Пеле, вклучувајќи ги Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Барселона, како и сегашни и поранешни ѕвезди од светот на фудбалот и другите спортови – Лионел Меси, Килијан Мбапе, Роналдињо, Габриел Батистута, Рафаел Надал, Луис Хамилтон и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП