28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолкави се платите во Ауди, од работници до директори

Колкави се платите во Ауди, од работници до директори

Покрај редовната плата, работниците можат да сметаат и на разни додатоци, како божиќен бонус и плата за годишен одмор.

Статусот на работниците во германската автомобилска индустрија не е лош, бидејќи тие се заштитени со колективни договори или моќни синдикати како ИГ Метал.

Bild.de објави интересна информација за платите во премиум производителот Audi. Во основа, колку подолго останувате во компанијата, толку е поголема платата.

Почетниците почнуваат од 2.398 евра месечно, а искусните квалификувани работници можат да сметаат на 3.240 евра месечно. Дополнително, решено е и прашањето за божиќните бонуси и регресот за годишен одмор.

Инаку, годишната бруто-плата е 86.800 евра за инженер, 87.200 евра за проект-менаџер, 78.300 за софтверски инженер, 39.200 евра за механичар, и 49.700 евра за логистика.

Има и колективно договорен додаток од 27,5 отсто на месечната плата еднаш годишно, на 31 јули – за сите членови на ИГ Метал. Има и бонуси за Божиќ, кои се одредуваат според стажот и учеството во делењето на добивката на компанијата.

А високиот менаџмент?

Според податоците за 2021 година, претседателот на Управниот одбор на Ауди, Маркус Дусман, заработил основна плата од 1,4 милиони евра.

Сепак, ова е само мал дел од неговите приходи, бидејќи заедно со разни бонуси, вкупно му биле исплатени нешто повеќе од пет милиони евра.

Конечно, минатата година, тогашниот шеф на концернот Фолксваген (во кој е вклучен и Ауди), Херберт Дис, заработи повеќе од 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП