19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриени тајните планови на „Google“

Откриени тајните планови на „Google“

Иако паметните телефони на „Google“ не се толку популарни овде како конкурентните уреди како што се „Apple“, „Samsung“, „Xiaomi“ и други, тие се одлични телефони со напредни камери и конкурентна цена.

Компанијата има големи планови за мобилниот пазар, а кои се нивните конкретни планови за следните три години, дознавме благодарение на извештајот што неодамна беше објавен на интернет.

За следната година, покрај новите генерации на претходните модели, „Google“ подготвува и нешто ново – својот прв смартфон што се витка. Веќе некое време слушаме гласини за „Pixel Fold“, а сега за прв пат дознавме колку може да чини. Цената не е мала и изнесува 1.800 долари. Многу поевтин ќе биде моделот „Pixel 7a“ кој го очекуваме на претстојната „Google I/O“ конференција и неговата цена ќе биде 449 долари.

„Pixel 8“ и „8 Pro“ треба да имаат нова генерација на „Google Tensor“ чипови, а според споменатиот извештај, моделот „8“ треба да биде помал и да има помал екран. На пазарот треба да се појави кон крајот на 2023-та година.

За 2024-та година, „Google“ би можел да се откаже од својот најевтин телефон (Pixel 8a), па слично на она што „Apple“ го прави со „iPhone SE“, би можел да го претстави на секои две години. Друга промена во таа година, барем според претходно споменатиот план на „Google“, се однесува на моделите од серијата „Pixel Pro“.

Имено, покрај моделот „Pixel 9“, „Google“ би можел да претстави и два модела „Pixel 9 Pro“, со различни големини на екранот (се споменуваат дијагонали од 6,3 и 6,7 инчи), слични на „iPhone Pro“ и „Pro Max“. Има планови и за свитлив „Pixel“ во оваа година, но тие зависат од успехот на првиот модел.

За 2025-та година, „Google“ во моментов има неколку различни планови кои, се разбира, сè уште можат да се променат. Ова е годината кога компанијата ќе ја претстави серијата „Pixel 10“, која би можела да вклучува дури четири модели на телефони (два обични и два „Pro“ модели), како и уште еден смартфон кој може да се витка, со дизајн сличен на моделот „Galaxy Z Flip“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП