Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, учествуваше на бројни хуманитарни натпревари за време на Светското првенство во Катар. Во некои беше судија, во некои играше, иако можеби ќе беше подобро да не беше на теренот, со оглед дека неговите фудбалски способности не се баш најдобри.
На социјалните мрежи се појави видео од Инфантино како изведува корнер на еден таков пријателски натпревар. Инфантино изведе корнер и тоа го направи катастрофално.

