ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧетири од петте најпопуларни слики во историјата на Инстаграм прикажуваат ист човек

Четири од петте најпопуларни слики во историјата на Инстаграм прикажуваат ист човек

Лео Меси не престанува да објавува фотографии со трофејот на Светското првенство, а фотографиите го рушат Инстаграм.

Фудбалерот успеа да има дури четири слики од него меѓу петте најлајкувани слики во историјата на Инстаграм, а на три слики позира со својот пехар. Меси и неговиот трофеј го победија популарното јајце, па Аргентинецот сега е сопственик на најлајкуваната слика на Инстаграм.

Но, тоа не е крај.

Меси и трофејот со кој спие во кревет се искачија на третата најлајкувана објава на социјалната мрежа, а Меси и трофејот во авион е петта слика со најмногу лајкови на Инстаграм.

И една од сликите на Роналдо е во првите пет, таа е на четврто место. Сепак, на него е прикажан и Меси. Станува збор за слика која фудбалерите ја направија за Луј Витон, а позирале играјќи шах на чантите на познатиот бренд.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП