24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИниеста сака плата од 17 милиони годишно

Иниеста сака плата од 17 милиони годишно

Andres-Iniesta

Шпанскиот репрезентативец Андрес Иниеста е подготвен да го обнови договорот со Барселона, но под услов од страна на раководството на клубот да му понудат плата од 17 милиони евра годишно, пишува весникот „Марка“. Како што е веќе познато, во текот на изминатата недела, фудбалерот на „каталонците“ засега ја одбил првата понуда која му била понудена од страна на првите луѓе на клубот.

Сегашниот договор на фудбалерот истекува во летото 2015-та година, но од раководството на Барселона веќе најавија дека сакаат да го задржат во тимот по секоја цена.

Според информациите во шпанскиот печат спортскиот директор на Барселона Андони Зубизарета имал средба со претставникот на Иниеста – Рамон Сострес и тој ги поднел параметрите на новиот договор на фудбалерот.

Од Барселона понудиле новиот договор на Иниеста да биде до 2018-та или 2019-та година, кога фудбалерот ќе има 34-35 години.

Освен тоа Андрес Иниеста ќе стане вториот најдобро платен фудбалер во Барселона по Лионел Меси. Халфот ќе добива по 12 милиони евра годишно плус 3 милиони бонуси.

Засега Андрес Иниеста одбил да го обнови договорот, поради тоа што сака неговата плата да биде зголемена на 17 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП