Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Тој заминал на финални преговари со газдите на Ал-Наср, клубот кој му понуди неверојатни услови за потпис на договор.
Роналдо се надеваше дека ќе најде друг голем европски клуб за да ја продолжи кариерата, но нема интерес за него. Неговото име неодамна се поврзуваше со Челси и Спортинг Лисабон, но двата клуба одлучија да не дадат официјална понуда до Португалецот.

