2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви сериски автомобил кој го препознава лицето на сопственикот

Први сериски автомобил кој го препознава лицето на сопственикот

Не ви е потребен клуч или приврзок за отклучување и влегување во овој автомобил, како и за палење на моторот. Само погледнете го.

Кога пред неколку години беше воведена технологијата за препознавање лице на мобилните телефони, класичните лозинки и PIN-кодови станаа минато за многу корисници.

Корејскиот производител на автомобили Hyundai Motor одлучи да ја користи истата технологија на својот најпрестижен електричен модел.

Hyundai Ioniq и Kia EV6 можеби сè уште немаат технологија за препознавање лица, но нивниот полуксузен братучед, електричниот Genesis GV60, има.

Сè што треба да направи корисникот е да го погледне сензорот вграден во „Б“ столбот на автомобилот, а останатото ќе го направи електрониката. Искуството е исто како и отклучувањето на мобилен телефон.

Сличен принцип се применува и во кабината, каде што корисникот ќе може да користи отпечаток од прст за да го запали моторот.

Во исто време, Genesis гарантира дека сите важни биометриски податоци се безбедни благодарение на употребата на софтвер за шифрирање и дека не се складираат никаде надвор од автомобилот.

Наскоро може да очекуваме примена на оваа технологија и кај други марки на автомобили. Сепак, корисниците и нивното искуство ќе судат кога станува збор за неговата популаризација.

Впрочем, технологијата постои веќе некое време, а не стана вообичаена при отклучување на вратите од куќите и становите, нагласуваат дел од медиумите.

Сепак, GV 60 нуди повеќе од технологија за препознавање лице и читање отпечатоци.

Сето ова е дел од новата технологија, т.н. дигитален клуч во кој преку посебна апликација може да се сподели можноста за користење на возилото меѓу три лица.

Genesis GV60 во Германија започнува од 56.370 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП