Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, во зимскиот преоден рок ќе го напушти Трабзон. Според турските медиуми Барди не се наоѓа во плановите на тренерот Абдула Авчи за вториот дел од сезоната.
Трабзон минатата сезона, по пауза од 39 години, ја освои шампионската титула во Турција, поради што клубот со големи амбиции влезе во новата сезона. Авчи донесе неколку нови играчи (Барди, Бартра, Трезеге, Макси Гомез…) со цел клубот да се пласира во фазата по групи во Лигата на шампиони. Не само што оваа цел Авчи не ја оствари, туку тој со неговиот тим, не успеа да се пласира ниту во нокаут фазата во Лига Европа.

