19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТРИК по кој полуде цел свет: Можете да го измамите вашиот мозок...

ТРИК по кој полуде цел свет: Можете да го измамите вашиот мозок со помош на ДВА ЗБОРА! Кога сте нервозни само кажете го ова

Моли Трејнор, ТикТокерката со магистерска диплома по психологија, го објасни концептот во видео. Додека студирала дознала за еден трик за кој вели дека изгледал бесмислен додека самата не го пробала.

-Дали знаевте дека ако се чувствувате вознемирени пред настап поради нешто што доаѓа – можете да го измамите вашиот мозок да мисли дека сте возбудени и дека не сте нервозни само со гласно кажување „Возбуден сум“.

Причината за тоа, објаснува таа, е затоа што возбудата и нервозата се состојби на „висока возбудeност“, а техниката се нарекува анксиозно преиспитување.

-Физиолошки, тоа што ви се случува е доста слично. Така, лесно е да го натерате вашиот мозок повторно да ги протолкува тие сигнали како возбуда наместо како нервоза“, рече Моли.

-Ова функционира подобро отколку само да си кажувате „смири се“ бидејќи смиреноста е состојба на „ниска возбуда“, додава таа.

ТикТокерката рече дека навистина не верувала во тоа додека самата не го пробала и успеала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП