
Еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња, Италијанецот Валентино Роси одлучи да формира свој сопствен тим.


Еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња, Италијанецот Валентино Роси одлучи да формира свој сопствен тим.
Екипата на Роси ќе се натпреварува во класата „Moto 3“, а ќе ги користи мотоциклите на „KTM“. Нормално тимот ќе се нарекува – „VR 46“, нешто што го красеше Италијанецот во неговата богата кариера.
Според информациите кои пристигнуваат од Италија за тимот на Роси ќе вози неговиот полубрат Лука Марини кој има 16 години, како и 17-годишниот Романо Фенати.
Роси до крајот на наредната година има важечки договор со Јамаха. По 13 трки во годинешниот шампионат Роси е четврти на табелата со 169 бода.