24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПентагон: Засега нема докази за вонземска активност

Пентагон: Засега нема докази за вонземска активност

Во новиот истражувачки извештај на Пентагон за неидентификувани летечки објекти (НЛО) се наведува дека засега нема докази кои сугерираат дека вонземјани ја посетиле или паднале на Земјата, изјавија високи американски воени претставници.

Напорите на Пентагон да истражува аномални неидентификувани објекти – без разлика дали се во вселената, на небото или под вода, доведоа до стотици нови извештаи кои сега се истражуваат, изјавија претставници на одбраната.

Во јуни 2021 година, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (НСА) објави дека имало 144 средби со НЛО помеѓу 2004 и 2021 година, од кои 80 биле снимени со повеќе сензори.

Дали постои можност за вонземски живот?

„Сè уште сме во раните фази, но досега не сме виделе ништо што би нè навело да веруваме дека некој од објектите што ги видовме е од вонземско потекло“, изјави Роналд Мултри, потсекретар за разузнавање и безбедност.

Шон Киркпатрик, директор на новоформираната Канцеларија за решавање на аномалии (AARO) на Пентагон – која ги истражува овие случаи – не ја отфрли можноста за вонземски живот.

„Само би рекол дека нашата анализа ја структурираме така што е многу темелна и ригорозна. Ќе поминеме низ сето тоа“, рече Киркпатрик, говорејќи на првата прес-конференција по основањето на ААРО во јули, по повеќе од една година фокусирање на НЛО кои американските воени пилоти ги забележале, но понекогаш не сакале да ги пријават поради страв од стигмата.

„Имавме многу повеќе извештаи“, рече тој.

На прашањето да го каже бројот на нови извештаи за потенцијални забележани НЛО, Киркпатрик рече дека тоа е „неколку стотици“.

Аматерските набљудувачи долго време говореа за видени летала кои не се совпаѓаат со познатата технологија или кои им пркосат на законите на физиката како доказ за вонземски живот, а многумина шпекулираат дека американската влада има повеќе докази за НЛО отколку што открила.

Футуристички стелт бомбардери и ловци

До крајот на годината се очекува ажуриран извештај од директорот на НСА, кој ќе даде конкретни бројки за новите извештаи за НЛО добиени од 2021 година.

Во мај, американскиот Конгрес го одржа своето прво сослушување на тема НЛО по повеќе од половина век, при што повеќе луѓе изразија загриженост дека објектите би можеле да бидат вонземски или потенцијално нова, непозната технологија што ја користат Кина, Русија или друг потенцијален ривал, што создава безбедносен ризик.

Покрај НЛО, има многу нови технологии – како што се футуристички невидливи бомбардери и ловци, беспилотни летала и хиперсонични проектили дизајнирани од САД и Кина – што може да се помешаат со НЛО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП