La Gazzetta dello sport објави дека Михајловиќ починал на 53-годишна возраст. Тој боледуваше од леукемија, а семејството ја потврди тажната вест.
Михајловиќ настапуваше за Борово, Војводина, Црвена Звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, а како селектор на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња.

