28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобар кајакар за 2022

Најдобар кајакар за 2022

на ден 15 декември (ЧЕТВРТОК) со почеток во 17:00часот , во просториитена хотелот АУСТРИАН ПАЛАС , Скопје се одржа избор на најдобар кајакар за 2022 година во организација на Кајакарската Федерација на Македонија.

Наградите беа доделени во трите дисцилини кои се актуелни во кајакраскиот спорт:

За нај надежен млад кајакар во дисциплината кајак спуст на дива вода е прогласен Благој Гугунов Кајак Кану Клуб Арка Борец Велес. Плакета За најдобар млад кајакар во дисциплината спуст доби Кристијан Лазаров додека за најдобар кајакар во спуст-спринт е прогласен Аслександар Златаров. Плакетата за најдобар кајакар во спуст-класик ја доби Љубомир Спасиќ и најдобар тренер во оваа дисциплина е Љубомир Спасиќ ККК Арка Борец Велес- Наградите ги додели претседателот на Олимписки комитет на северна Македонија Г-динот Даниел Димевски

Во дисциплината кајак спринт на мирна вода за надежна млада кајакарка е прогласена Јана Патче од ККК Црн Дрим од Струга.Плакета за нај надежен млад кајакар во дисциплината спринт доби Слободан Попоски, за најдобар кајакар во оваа дисциплина е прогласен Никола Малески ККК Радика- Дебар, додека за најнадежен млад кајакар е прогласен Јован Циркоски ККК Дрим Струга.Најдобар тренер во оваа дисциплина е прогласен Радован Поповски ККК Стрмец Охрид- Наградите ги додели Заменик директорот на Агенција за Млади И спорт Г-динот Амир Билали

Во дисциплината кајак слалом на дива вода Плакета за За нај надежен млад кајакар доби Христијан Смилев Кајакарски клуб Бабуна Велес.За најдобар млад кајакар беше прогласен Стефан Рибарски, за најдобра кајакарка пак е прогласена Олгица Мелова ККК Просек Демир Капија,најдобар кајакар во оваа дисциплина е Ангел Петрушев , додека за најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес.-наградите ги додели претседателот на Кајакарска Федерација на Македонија Г-динот Дрилон Леши.

НАЈДОБАР КАЈАКАР ЗА 2022 ГОДИНА(КАЈАКАР НА ГОДИНАТА) е прогласен АНГЕЛ ПЕТРУШЕВ со освоено 2-место на 53 Илинденски кајак слалом ИКАС 2022, 36 –место на Светски куп за Сениори во Краков Република Полска, 19 -место на Светско првенство во кајак слалом за Јуниори во Ивреа – Република Италија и 4-то место на Европско Јуниорско првенство во кајак слалом на диви води во Чешке Буџевице – Плакетата и наградата од 150.000 денари ја додели претседателот на КФМ Г-динот Дрилон Леши.

На оваа манифестација беа доделени благодарници за Ветераните во овој спорт Илија Младеновски , Ивица Крстиќ ,Трајко Ангеловски и Перо Доновски како и за Агенцијата за Млади и спорт и Олимпискиот комитет на С. Македонија за посебен придонес во реализација и афирмација на кајкарскиот спорт во Репубика С. Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП