19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ конечно потврди чии камери ги користи за „iPhone“

„Apple“ конечно потврди чии камери ги користи за „iPhone“

Сите знаат дека „Apple“ е прилично таинствен кога се во прашање добавувачите на различни делови на компанијата, па затоа посетата на Тим Кук на фабриката за „CMOS“ сензори на „Sony“ предизвика големо внимание.

Аналитичарите и обожавателите го сугерираат ова веќе некое време, а сега Тим Кук конечно призна дека „Apple“ соработува со „Sony“ повеќе од една деценија.

Извршниот директор на „Apple“ објави фотографија со извршниот директор на „Sony“, Кеничиро Јошида на обиколка на објектот на „Sony“.

Компанијата од Купертино не дава премногу информации за своите добавувачи на батерии, чипови и дисплеи, но аналитичарите открија дека „Corning“ ги произведува предните и задните стаклени панели, додека „Samsung“ и „LG“ го прават најголемиот дел од OLED панелите за уредите на „Apple“.

Чиповите што го напојуваат „iPhone“ доаѓаат од фабриката на „TSMC“.

Партнерството „Sony-Apple“ за хардвер на камерата е во голема мера непотврдено, но според сите пресметки оваа соработка нема да заврши.

Се сугерира дека „Sony“ работи на нови сензори, користејќи полупроводнички технологии, а овие сензори ќе се најдат во идните модели на „iPhone“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП