27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ го лансираше својот клон на „BeReal“ – „Candid Stories“

„Instagram“ го лансираше својот клон на „BeReal“ – „Candid Stories“

Клонот „BeReal“ на „Instagram“ сега е официјално достапен. „Meta“ ја претстави „Candid Stories“, нова функција за „Instagram Stories“ која реплицира селфи објавени еднаш дневно, слични на оние од платформата „BeReal“.

„BeReal“, кој првично беше објавен во 2019-та година, со текот на годините изгради постојани следбеници, особено кај тинејџерите и корисниците на „Gen Z“. Апликацијата е промовирана како поавтентична алтернатива на мејнстрим социјалните мрежи, бидејќи дозволува содржината да се објавува само еднаш дневно и има ограничени начини на интеракција помеѓу корисниците.

Како „BeReal“, „Instagram Candid Stories“ ќе ги поттикне корисниците да споделуваат селфи еднаш дневно, а корисниците ќе можат да ја видат „Candid“ содржината на нивните пријатели само откако ќе ја прикачат сопствената содржина.

„Candid“ селфи, како објавите на „BeReal“, ќе создаваат фотографија истовремено со задната камера и селфи камерата на уредот.

„BeReal“ не е единствената платформа со која „Instagram“ се натпреварува со најновото ажурирање. Апликацијата добива и нова „Notes“ функција, која им овозможува на корисниците да прикачат ажурирање на статусот од 60 знаци во сандачето на нивниот профил на „Instagram“, па така да може се натпреварува со „Twitter“ со оваа функција.

Има и други функции, како што се „Group Profiles“ што им овозможува на група пријатели да креираат споделени профили со повеќе соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП