3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСонг си заминува од Барса?

Сонг си заминува од Барса?

song

Шпанските медиумите објавија дека постои голема веројатност Камерунецот да си замине од „Ноу Камп“ во јануари. Според информациите како негова следна дестинација се споменува Манчестер Јунајтед.

Алекс Сонг пристигна од Арсенал во Барселона како многу големо засилување, но досега не остави значаен белег, затоа што покрај Серхио Бускетс не успеа да се избори за посериозна минутажа.

Се очекува овој играч од средниот ред да ја продолжи својата кариера во Манчестер Јунајтед, затоа што Дејвид Мојс неколкупати споменуваше дека е заинтересиран за него.

Сепак, прашање е колку е тоа реално со оглед дека во последниот ден од преодниот рок на „Олд Трафорд“ пристигна Мауран Фелаини.

Сонг во новата сезона помина само 90 минути на теренот, а само против Малага беше стартер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП