Твитер денеска повторно ќе ја покрене ажурираната верзија на својот претплатен сервис „Твитер Блу“, а цената ќе биде нешто повисока за корисниците на „Епл“, објави американската компанија.
Новата верзија ќе им овозможи на корисниците да уредуваат твитови, да поставуваат видеа од 1080p (full HD) и да добијат сина ознака дека сметката е потврдена, објави Ројтерс.

