3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВселенското летало Орион се врати на Земјата после патувањето околу Месечината

Вселенското летало Орион се врати на Земјата после патувањето околу Месечината

По повеќе од 25 дена поминати во вселената и во орбитата околу Месечината, леталото Орион на американската вселенска агенција НАСА слета денеска во Тихиот Океан.

Слетувањето се случило во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе во 9:40 часот по локално време.

Капсулата, во која немаше астронаути за овој пробен лет, влезе во земјината атмосфера со брзина од 40.000 километри на час, и мораше да издржи топлина од 2.800 степени Целзиусови, односно половина од температурата на површината на Сонцето.

Главната цел на мисијата беше да се тестира топлинскиот штит на капсулата, најголемиот некогаш изграден (во дијаметар од пет метри), во овие услови.

Во своето вртоглаво спуштање, леталото прво беше забавено од атмосферата, а потоа со 11 падобрани, додека не достигна брзина од околу 30 километри на час кога се спушти во водата.

Мисијата има за цел да собира податоци за Месечината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП