5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 400 милиони евра, Бернабеу ќе добие нов лик

За 400 милиони евра, Бернабеу ќе добие нов лик

bernabeu

Домот на најтрофејниот фудбалски клуб во светот ќе добие нов лик. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри дека клубот ќе инвестира близу 400 милиони во реконструкцијата на клупскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Според зборовите на шефот на „белите“, објектот ќе се претвори во „еден од најдобрите“ стадиони во светот.

„Реконструкцијата ќе чини помеѓу 300 и 400 милиони евра“, коментира Перес. „Проектот ќе биде доставен во следните неколку недели“, додаде тој.

Во октомври минатата година, првиот човек на „кралевите“ претстави четири различни планови за реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“.

Сега преостанува да се види кој проект ќе биде избран, како и компанијата која ќе ги изврши градежните работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП