Хрватска сензационално е првиот полуфиналист на Светското првенство во Катар, откако во за нив омилената пенал-серија го имаа фантастичниот Доминик Ливаковиќ и го урна првиот фаворит Бразил за уште еден сензационален успех на голема сцена за „коцкестите“. По 120 минути игра беше 1:1, за во пенал-серијата, Хрватска да победи со 4:2
Голот на Нејмар во 106. минута од првото продолжение донесе предност за Бразилците се намачија против финалистите од минатото Светско првенство, кои предводени со одличниот Доминик Ливаковиќ на голот, успеаја да ги одбијат сите напади на првиот фаворит за титулата во Катар, посебно во второто полувреме.

