23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвошје кое го зајакнува имунитетот и го намалува холестеролот

Овошје кое го зајакнува имунитетот и го намалува холестеролот

Овие прекрасни плодови содржат уникатни фитонутриенти, како и неохлорогенска и хлорогенска киселина, кои припаѓаат на семејството феноли.

Во Македонија сливите се високо достапни, а токму тие се наоѓаат на врвот на листата со најсилни антиоксиданси, барем кога станува збор за овошјето. Најздрави се кога се јадат свежи, но ни во сув или варен облик не губат многу на лековитоста.

Дури и сушени имаат два пати пвоеќе антиоксидативни својства од останатото суво овошје, па се препорачуваат во секојдневната исхрана. Експертите советуваат денот да се започне со комбинација од сецкани сливи, житарки, јогурт и мед.

Овие миризливи плодови содржат уникатни фитонитруенти, како и неохлорогенска и хлорогенска киселина, кои припаѓаат на семејството феноли. Сливите се богати со витамините Ц и Е, бетакаротен, калиум, магнезиум, фосфор, железо и диететски влакна кои помагаат при намалувањето на холестеролот во крвта и ја регулираат опстипацијата.

Ако имате дилема при купување, треба да знаете дека цврстите, со петелка и малку замаглена површина се најдобриот избор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП