12 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle Search го олеснува прегледот на резултатите од пребарувањето на вашиот десктоп

Google Search го олеснува прегледот на резултатите од пребарувањето на вашиот десктоп

Сајтот автоматски ќе вчита шест страници со резултати од пребарувањето, пред да го поттикне корисникот да кликне на копчето „more“.

Google овозможи „непрекинато скролање“ на резултатите од пребарувањето на десктоп, асе тоа година откако функцијата беше пуштена на мобилните уреди.

Континуираното лизгање ќе ја елиминира потребата да кликнете „next“ или бројот на страницата на дното од резултатите од пребарувањето. Наместо тоа, Google автоматски ќе го вчита следниот сет на резултати на страницата откако корисникот ќе дојде до дното на тековната листа.

Гигантот за пребарување ја потврди функцијата и истакна дека Search автоматски ќе прикаже до шест страници со резултати пред корисникот да мора да кликне на копчето „More results“ и да ја вчита следната група резултати од пребарувањето.

Доаѓањето на оваа функција ќе овозможи искуството на „Google Search“ да биде поконзистентно на уредите и платформите. Функцијата прво е достапна за пребарувања на англиски јазик во САД, а во иднина се очекуваат и други региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП