Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, вели дека одговорноста за елиминацијата од Мароко во осмина-финалето на Светското првенство во Катар е негова. Најави дека од следната недела ќе има разговори за неговата иднина на селкторската позиција.
„Пеналите скапо нѐ чинеа. Жал ми е за тие што не играа. Одговорноста е моја бидејќи ги избрав првите тројца изведувачи, играчите одлучија за другите. Не стигнавме ниту до четвртиот. Боно беше одличен во пеналите. Дадовме 100 проценти. Честитки за Мароко за победата. Жал ми е за навивачите што нѐ поддржаа“, рече Енрике.

