3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој есенски плод е совршен за подмладување

Овој есенски плод е совршен за подмладување

Цвеклото е исклучително здрава и хранлива намирница. А сега ви откриваме и дека е многу погодна како ваш есенски сојузник во убавината.

Тоник од цвекло за подмладување

Свежо цедениот сок од цвекло содржи нутриенти кои магично делуваат на кожата. Делува антивоспалително, па спречува појава на акни и мозолчиња, а одличен е и за хидратација. Се препорачува навечер да го натопите лицето исчистено од шминка во свежо цеден сок и да го измиете по две минути со млака вода.

Кожа

Сокот од цвекло содржи нутриенти кои делуваат магично на кожата, затоа би требало да го пиете редовно. И тоа не оној од тетрапак, туку свежо исцеден сок од цвекло евентуално разблажен со малку вода или чист сок од јаболка. Цвеклото спречува појава на акни и мозолчиња, но, нормално, треба да внимавате и на исхраната и на негата на кожата и однадвор. Ако користите цвекло како маска за лице ќе добиете и благо розево руменило на лицето. Помешајте по една лажица сок од моркови и сок од цвекло и нанесете ги на лицето со помош на памук. Оставете да делува 10 минути и измијте се. Сокот од цвекло можете да го додадете и во маската од глина за да ги отстраните флеките од лицето и темните точки.

Коса

Сокот од цвекло е богат со протеини, калиум, фосфор, калциум и витамините Б и Ц, сите тие ја подобруваат циркулацијата на скалпот и го подобруваат растот на косата. Со нив можете да го решите проблемот со првутот, сувата или масната коса. Доколку го помешате со оцет (да речеме пола-пола) и со тоа да ја исперете косата ќе го исчистите скалпот, ќе го отстраните првутот, па дури и ќе ја залечите псоријазата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП