13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTоти ја продолжува верноста со Рома

Tоти ја продолжува верноста со Рома

Francesco-Totti

Ветеранот во редовите на Рома, Франческо Тоти денес официјално ќе потпише нов договор со клубот. „Волците“ ќе свикаат прес конференција на која ќе присуствува претседателот Пало и самиот фудбалер. На неа ќе биде претставен новиот договор, кој веќе е договорен меѓу двете страни, и капитенот ќе стави официјално потпис.

Со тоа тој ќе остане во клубот уште две години, иако веќе има 37 години. Новиот договор, пак, ќе биде потпишан само неколку дена пред вечното дерби против Лацио, што уште повеќе ќе го зголеми расположението во составот на Рома.

Освен тоа во моментов „волците“ го делат првото место на табелата во Серија “А” со Наполи.

Новиот договор ќе биде шести за Тоти со Рома. Неговиот прв договор беше во 1994-та година Потоа тој пет пати го обновуваше договорот со клубот. Во 1997-та, 2001-та, 2005-та, 2010-та и сега во 2013-та.

Според новите услови тој веќе нема да заработува по 5 милиони евра годишно. Неговата плата ќе биде намалена на околу 3 милиони евра по сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП