Кристијано Роналдо ќе игра за Ал-Наср од 1 јануари 2023 година, пренесува „Марка“. Португалецот ќе потпише договор со клубот од Саудиска Арабија на две и пол години.
Ѕвездата на португалскиот и на светскиот фудбал, ја раскина соработката со Манчестер Јунајтед на само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во Катар и стана слободен агент за да може преговара со други клубови за нов ангажман.

