3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung Galaxy S4 пристигнува на 15 април

Samsung Galaxy S4 пристигнува на 15 април

sam21

Според пишувањата на страницата „SamMobile“, „Samsung Galaxy S4“ на пазарите би требало да пристигне на 15 април.

Како најважнa новост се наведува поддршката за безжично полнење на батеријата, но наводно, таа можност нема да биде стандардна, туку, корисниците ќе мораат да купат додатна станица за безжично полнење и друга маска за телефонот. Исто така, се наведува дека ќе има поголема батерија со капацитет од 2.600 mAh.

Во „SamMobile“ шпекулираат дека „Samsung“ службено ќе ја претстави својата нова понуда на „паметни“ телефони на посебно случување во текот на март, или можеби ќе ја претстави веќе во текот на февруари на саемот „Mobile World Congress“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП