Јапонија е првопласирана во групата Е на Светското првенство во Катар и ќе се судри со Хрватска во осминафиналето по фантастичната 2:1 победа над Шпанија, која пак се „провлекува“ какао второпласирана за дуел со Мароко, откако Германците едвај ја совладаа Костарика (4:2), но тоа не беше доволно за да се осудени на ново испаѓање во групната фаза, второ едноподруго на Мундијалите.
На стартот на мечевите од групата Е изгледаше дека ситуацијата е јасна – Германија и Шпанија стигнаа до рано водство, ситуација во која двата европски гиганти беа сигурни во осминафиналето. Алваро Мората постигна гол трет натпревар едноподруго на Мундијалот за водство на „фуријата“, додека Серж Гнабри стрелаше за водство на тимот на Ханси Флик.

